Живеењето во светот на промени со секојдневни обврски и контакти со различни луѓе значи и соочување со конфликти, предрасуди и стереотипи како и многу недоразбирања. Овие непријатни ситуации беа мотив за реализација на проектот на “Креактив” – “Conflict prevention” одржан од 16-25 февруари 2009 во Штип, Македонија.
Целта на проектот беше оспособување на младите преку специјални техники и методи да решаваат конфликти. Учесниците се запознаа и со влијанието на медиумите врз нивното лично однесување. Отворените дискусии, групните активности, видовите комуникација и начините на решавањето проблеми и влијанието на медиумите беа активностите реализирани во текот на проектот со учесници од Македонија, Полска, Грција, Италија, Србија и Босна и Херцеговина. Проектот беше вистинска можност младата популација да стекне вештини и знаења кои ќе ги сподели во својата средина. Различните ставови секојдневно развиваа дискусии. Младите, заеднички се согласија дека луѓето со цел да ги остварат своите предизвици реагираат различно и тоа треба да се почитува. Исто така едногласни беа и во тоа дека не треба да се прават заклучоци за другите и нивните постапки пред да се знаат сите факти. Учесниците сметаат дека наученото ќе им помогне и во секојдневните ситуации и како младински работници кои ќе влијаат на другите луѓе.
- Научив колку ние сме различни и колку е важна толеранцијата и добрата комуникација со луѓето, е само еден од коментарите на учесниците на проектот “Conflict prevention”.
Како дел од слободните активности се организира посета на Смоларските водопади, манастирот во селото Водоча и градот Струмица.
Проектот беше финансиран од програмата “Млади во акција” на Европската комисија, организиран од “Креактив





