Archive | February, 2010

Тренинг Курс – Conflict prevention: path to peace and active citizenship – 16 до 25 Февруари 2009

Живеењето во светот на промени со секојдневни обврски и контакти со различни луѓе значи и соочување со конфликти, предрасуди и стереотипи како и многу недоразбирања. Овие непријатни ситуации беа мотив за реализација на проектот на “Креактив” – “Conflict prevention” одржан од 16-25 февруари 2009 во Штип, Македонија.

Целта на проектот беше оспособување на младите преку специјални техники и методи да решаваат конфликти. Учесниците се запознаа и со влијанието на медиумите врз нивното лично однесување. Отворените дискусии, групните активности, видовите комуникација и начините на решавањето проблеми и влијанието на медиумите беа активностите реализирани во текот на проектот со учесници од Македонија, Полска, Грција, Италија, Србија и Босна и Херцеговина. Проектот беше вистинска можност младата популација да стекне вештини и знаења кои ќе ги сподели во својата средина. Различните ставови секојдневно развиваа дискусии. Младите, заеднички се согласија дека луѓето со цел да ги остварат своите предизвици реагираат различно и тоа треба да се почитува. Исто така едногласни беа и во тоа дека не треба да се прават заклучоци за другите и нивните постапки пред да се знаат сите факти. Учесниците сметаат дека наученото ќе им помогне и во секојдневните ситуации и како младински работници кои ќе влијаат на другите луѓе.
- Научив колку ние сме различни и колку е важна толеранцијата и добрата комуникација со луѓето, е само еден од коментарите на учесниците на проектот “Conflict prevention”.

Како дел од слободните активности се организира посета на Смоларските водопади, манастирот во селото Водоча и градот Струмица.
Проектот беше финансиран од програмата “Млади во акција” на Европската комисија, организиран од “Креактив

Posted in ПроектиComments (0)

Младинска Размена – The strings of our traditions – 20 до 28 Август 2008

“The string of our traditions” беше музички проект на Креактив на кој учествуваа млади музичари од Македонија, Белгија, Франција и Босна кои заеднички компонираа и ги обработуваа своите традиционални песни во модерен ритам. Во текот на проектот учесниците ги учеа традиционалните песни од различните земји. Работната атмосфера исполнета со работилници, дружење и музицирање се заокружи со заедничкиот настап во еден од локалните кафулиња во Кавадарци, каде се реалзираше проектот. Музичките настапи и изведбите на традиционалните песни од другите земји се снимија во живо. Како краен продукт се отпечати музичко це-де на кое се најдоа нивните настапи.

Проектот беше спроведен од 20-28 август во Кавадарци, Македонија, од Креактив.

Posted in ПроектиComments (0)

ПБА – EVS with SEE – Building the future together – 31 Август до 7 Септември 2008

Волонтерите од неколку различни земји заеднички учествуваа на проектот за јакнење на нивните капацитети, подобро запознавање на европската програма за волонтирање и реализација за организирање проекти. Програмата за волонтирање е дел од европската програма “Млади во акција” . Проектот се одржа во Охрид, Македонија, од 31 август до 7 септември. Учествуваа млади од Македонија, Велика Британија, Италија, Естониа, Полска и Србија.

Posted in ПроектиComments (0)

Тренинг Курс – Spread the vision – 3 до 11 Ноември 2008

“Spread the vision” е интернационален тренинг курс кој го организираше “Креактив” со цел подобрување и развивање на вештините за работа со видео на младинските работиници. Беше спроведен од 3-11 ноември, 2008 година како дел од прогрмата “Млади во акција”.

Posted in ПроектиComments (0)

Младинска размена – Culture is in the air … – 25 Февруари до 5 Март 2009

Групна маска со креирани костими и песни од различни земји, проследени со мешавина на традиционалните танци од Македонија, Италија, Унгарија, Романија, Албанија и Хрватска е крајниот продукт на младинската размена “Culture is in the air” со која учесниците учествуваа на познатиот Струмички карневал кој во последно време има интернационален карактер.
Ова ја потврди сликата како младите од различни земји, култури и услови на живеење можат заеднички да работат користејќи ги своите вештини, знаења и креативност.

Деветдневната програма на младинската размена им овозможи на луѓето од шесте земји -учеснички заеднички да ја разберат традицијата на другите и нејзиното одржување, како и да ги споделат знаењата за историјата и културата на своите земји.

Преку организираните работилници се идентификуваа традиционалните елементи како танцот, музиката и традиционалните костими. На тој начин се дозна за нивното значење во секоја земја, културата, стереотипите и предрасудите.

Низ позитивна атмосфера и креативност, учесниците ги сплотија различните традиции преку групната маска за Струмичкиот карневал преку која ги прикажаа различните начини на живеење од историјата.

Заеднички поминатото време придонесе за позитивна меѓусебна комуникација, пријателство и контакт во иднина.

Младинската размена “Culture is in the air…” се одржа од 25 февруари до 5 март 2009 година, во Виница, Македонија. Оваа размена беше организирана од Креактив, а финансиски поддржана од Младинската програма ‘‘Млади во акција‘‘ на Европската комисија.

Posted in ПроектиComments (0)

Младинска размена – Little Prince

Приказната од познатата книга “Малиот принц”, прилагодена на реалните моментални услови во Македонија, беше раскажана преку необична театарска претстава, подготвена за време на 10 дневната реализација на младинската размена “The Little Prince”. Претставата се изведе во Виница, а седиштата во Домот на културата беа исполнети. Покрај искрените честитки за креативноста и успешната претстава, младите учесници беа снимени и прикажани на локалната телевизија.

Децата учесници од Македонија, Белгија, Босна и Словенија имаа несекојдневна можност да учат за другите земји, навиките на нивните врсници, традицијата, различностите и заедничките работи меѓу сите нив. Десет дневниот проект беше исполнет со работа, забава и заедничко дружење.

Младинската размена “The Little Prince” е резултат на заедничката соработка меѓу организациите Креактив, Mu-zee-um од Белгија, Креактив од Босна и Drustvo Centar Pomoc Mladim од Словенија. Проектот беше аплициран благодарение на Белгиската национална агенција и организацијата Mu-zee-um од Белгија.

Posted in ПроектиComments (0)

Тренинг Курс – Knowing me / Knowing you – 17 до 25 Јули 2009

Интернационалниот тренинг курс “Knowing me – Knowing you” се спроведе со цел да се подготоват младинските работници и лидери од Македонија, Бугарија, Полска и Србија за да подготвуваат, реализираат и оценуваат работилници за културните разлики на интернационалните младински размени.
Покрај овие конкретни активности, учесниците на тренинг курсот имаа можност да смислат и реализираат работилници кои би ги организирале во сите идни проекти.

Работниот дел не беше единствен. Учесниците ги посетија градовите Охрид и Струга, уживаа во традиоционалната храна од различните земји, го вкусија и ноќниот живот и уживаа во водите на Охридското Езеро.

Проектот “Knowing me – Knowing you” е финансиран од програмата на Европската комисија Млади во акција, организиран од Креактив.
Благодарност до сите учесниците за одлично завршената работа и до сите тренери за квалитетната програма која ја спроведоа со учесниците.

Posted in ПроектиComments (0)

Тренинг Курс – Keep UP! – 1 до 9 Ноември 2009

Младинската организација “Креактив” беше домаќин на интернационалниот курс “Keep up” за EVS ментори и координатори кој се одржа од 1-9 ноември 2009 година, во Струга, Македонија.

Posted in ПроектиComments (0)

Младинска Размена – Land me a hand – 10 до 18 Октомври 2009

За време на размената беа реализирани три работилници: новинарство, фотографија и видео. Целта на оваа размена беше развивање младински вештини и идеи во борбата против дискриминацијата и вклучување на младите луѓе во демократските одлуки споделувајќи ги нивните идеи и знаење. На младинската размена “Подај ми рака” имаше учесници од Македонија, Албанија, Босна, Италија, Литванија и Полска.

Посебен акцент им се стави на работилниците за зголемување на свесноста и знаењето за различностите во секојдневниот живот и процесот без исклучувања и дискриминација. Преку креативните работилници младите заеднички работеа како да се зајакне борбата против секојдневната дискриминација, врз основа на: пол, етничка припадност, возраст, сексуална припадност и слично. Исто така во размената беа вклучени и жителите од локалната средина. Учесниците го посетија “Институтот за здравствена заштита ” – Бања Банско каде што заедно со корисниците поминаа цело попладне. На овој начин покажаа дека и овие луѓе се сакани и заслужуваат внимание.

Преку перформансите кои самите ги подготвија, младите ја претставија доминантната дискриминација во нивните земји. Младите учествуваа и на изложбата на една од штитениците на “Институтот за здравствена грижа”. Локалното население и штитениците на институтот беа интервјуирани и прикажани на телевизиите во Македонија.

Посетата на манастирот во селото Вељуса и Водоча, лоцирани десетина километри од градот Струмица беше дел од активностите и вистинско уживање за учесниците.

Крајната оценка на учесниците на размената “Подај ми рака” беше одлична, со надеж дека ваквите проекти за промоција на европско граѓансво треба да продолжат и во иднина. Научените вештини, учесниците на младинската размена сега ги применуваат и споделуваат во нивните места на живеење.

Проектот “Подај ми рака” се одржа од 10-18 октомври 2009 година во Струмица, Македонија, во организација на Креактив, а како дел од програмата Млади во акција.

Posted in ПроектиComments (0)

Семинар – Млади во акција – 27 до 29 Ноември 2009

Дваесет и пет младински работници беа обучени за начините и правилата при аплицирање за младински размени, тренинг курсеви, волонтирање во други земји и проекти за соработка со други организации. Обуката беше наменета за аплицирање проекти до “Извршната агенција во Брисел” како и до “Македонската национална агенција за европски едукативни програми и мобилност”.

Семинарот беше дел од активностите на Креактив како “Контакт точка” за европската програма “Млади во акција”. Обуката на претставниците од различните невладини организации беше финансирана од SALTO-YOUTH SEE а се одржа од 27-29 ноември 2009 година во Струга, Македонија.

Posted in ПроектиComments (0)