Categorized | Новости

Младински центар Креактив Кавадарци

Младинскиот Центар “Креактив” во Кавадарци функционира од септември, 2009та. Овде сите млади од Кавадарци имаат можност бесплатно да посетуваат часеви по англиски, француски, португалски јазик, драма, гитара, жонглирање, како и дебати, филмска вечер, едукативни работилници и многу други активности. Засега во клубот се зачленети скоро 300 членови од кои 150 редовно ги посетуваат просториите на Младинскиот Центар. Заинтересираноста на младите од ден на ден се повеќе се зголемува.

Младинскиот Центар “Креактив” е проект финансиран од сопствени средства на “Креактив”. За жал тие средства се сведени на минимум. Нашиот најголем проблем во моментов е ќиријата за просторот. Досега не наидовме на поддршка, па во најскор можен рок би биле приморани да го напуштиме просторот и да го затвориме клубот. Одлучивме од 05.04.2010 до 30.04.2010 активностите на клубот да ги одржуваме на плоштадот во Кавадарци. Се надеваме дека ова ќе ја разбуди свеста на градот и дека би нашле спонзорства за клубот да може и понатаму да постои.

Освен што организираме активности на отворено, за да бидеме забележани исто така и ќе продаваме предмети кои се изработени од членовирте на Креактив за време на нивните креативни работилници. Младиот тим од волонтери на Креактив реши да прави прошетки низ градот со кутијата за донации, а секој е добредојден да го помогне овој проект.

Еве краток распоред на активностите планирани во месец април:

Понеделник: 11:00 и 14:00 –  часови по гитара и португалски, 19:00 – жонглирање, цртање.

Вторник: 11:00-18:00 – часови по француски и португалски  , 19:00 – дебата.

Среда: 11:00-15:00 – часови по англиски, 19:00 – едукативна работилница.

Четврток: 11:00-15:00 – часови по француски, 17:00-18:00 час по португалски

Петок: 11:00 и 14:00 – часови по гитара, 19:00 – волонтерска вечер

Сабота: 12:00 – драма, 15:00- 17:00 – цртање, 18:00 возење скејт и ролери

Leave a Reply