КРЕАКТИВ е младинска организација за поддршка на креативност и активното граѓанство на младите. Главната цел е да им се помогне на младите за нивното интелектуално усовршување, вклучувајќи ги во неформални образовни активности. КРЕАКТИВ е младинска организација за поддршка на креативноста и активното граѓанство на младите. Формирана е во 2007 година и главна цел на КРЕАКТИВ е интелектуалното усовршување на младите со посебен вид на неформално образование.
КРЕАКТИВ во моментов има еден Младински центар во Кавадарци и два Младински клуба – еден во Скопје и еден во село Дреново. Повеќе информации за нивната работа се достапни под менито “ АКЦИЈА” .
КРЕАКТИВ реализира разни проекти, на локално и на интернационално ниво. Активностите на локално ниво се од типот на: работилници, концерти, волонтерски акции, семинари и спортски натпревари и разни изведби и други настани. Работата на КРЕАКТИВ на интернационално ниво вклучува младински размени и тренинг курсеви организирани во Македонија и во други земји, во рамките на програмата Млади во акција на Европската комисија. КРЕАКТИВ, исто така, испраќа и прима волонтери преку Европскиот волонтерски сервис, и од 2008 е контакт точка на програмата Млади во Акција за Македонија.
Еднаш месечно, КРЕАКТИВ го објавува младинското списание ЛИБЕРТАС, коешто е целосно подготвено од млади ширум целиот свет. Прочитајте повеќе за ЛИБЕРТАС на www.libertas.cre-act-ive.org.
За подетални информации за нашата работа слободно контактирајте нè. Доколку сте заинтересирани, секогаш сте добредојдени да ни се придружите во реализирањето на нашите активности.





