Младински Центар во Кавадарци

Младинскиот центар во Кавадарци е проект на младинската организација Креактив. Оформен e во септември 2009 година. Центарот овозможува неформално образование и слободни активности за младите од Кавадарци на возраст од 13 до 25 години.

Младинскиот центар е отворен секој ден од 11 до 21 часот. Во моментот нуди курсеви по англиски и француски јазик, работилници за фотографија, дебати, компјутери, уметност, театар, акустична гитара и жонглирање. Еднаш неделно, центарот организира национални и филмски вечери. Сите активности се слободни за членовите на центарот.

Исто така, во текот на целиот ден младинскиот центар е отворен за младите коишто сакаат да го поминат времето работејќи на интернет, да играат игри или пак едноставно да разговараат и да се дружат со нивните врсници.

Младинскиот центар во Кавадарци е координиран од двајца младински работници, додека пак активностите се организирани заедно од Креактив, Мировен корпус и ЕВС волонтерите.
Вестите за работата на Младинскиот Центар “ Креактив “ во Кавадарци се достапни на оваа веб страница www.kavadarci.kreaktiv.mk

Промотивно видео за Младинскиот центар и слики од активностите