Млади во Акција

“Млади во акција” е програма на Европската унија изготвена за млади луѓе. Се со цел да инспирира чувството за активно европско граѓанство, солидарност и толеранција меѓу младите Европејци и да ги вклучи во креирањето на иднината на Унијата. *

Приорите на оваа програма се: европско граѓанство, учеството на младите, културните разлики и вклучување на младите во некои од можностите.

Програмата “Млади во акција” се спроведува преку реализација на младински проекти кои се структуирани во пет различни акции :

-Акција 1 – Млади за Европа
-Акција 2 – Европска волонтерска служба
-Акција 3 – Млади во светот
-Акција 4 – Систем за поддршка на млади
-Акција 5 – Поддршка за европска соработка на младинското поле

Акциите 2 и 3 се, исто така, отворени за млади со партнерските земјите ( вклучувајќи ги и земјите од Југоисточна Европа ). Тоа значи дека младите луѓе и младинските организации од Југоисточна Европа можат да спроведат или да учествуваат на интернационални младински размени, ЕВС (на подолго време) проекти, тренинг курсеви и други видови проекти во кои се вклучени младите.

Земјите членки на ЕУ, ЕФТА и Турција своите проекти ги аплицираат во Националната агенција во својата земја, додека пак земјите од Југоисточна Европа ги испраќаат своите предлог проекти во Извршната агенција во Брисел. Следниот краен рок за поднесување на предлог проекти за програмата Млади во Акција е 1-ви јуни.

Како контакт точка на програмата Млади во акција за Македонија, младинската организација КРЕАКТИВ ви нуди поддршка во врска со тоа. На барање, можеме да ви дадеме информации, средства и совети коишто би можеле да бидат корисни за проектите од програмата Млади во акција. Некои средства се достапни на нашата веб страница – на левата страна можете да најдете корисни преземања поврзани со програмата Млади во акција. За повеќе информации слободно контактирајте не на youth@cre-act-ive.org.

*од МЛАДИ ВО АКЦИЈА – Мобилизирање на потенцијалот на младите Европејци – објавување на програмата Млади во акција.